„ФИФА треба да го повлече дресот со број 10 во сите тимови“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона вчера го напушти светот, откако доживеа срцев удар во неговиот дом, по што многу познати личности се збогуваа со него.

Тренерот на Марсеј, Андре Вилаш Боаш испрати предлог од ФИФА, кој е тежок за реализација и најверојатно нема ниту да се разгледува.

Боаш во чест на Марадона побара повеќе да не се носи дресот со бројот 10 во било која екипа во светот.

„Би сакал ФИФА да го повлече дресот со број 10 во сите натпреварувања и во сите екипи. Тоа би било најдобар начин да му се укаже чест. Ова е голема загуба за фудбалскиот свет“, кажа Боаш.