ФИФПро ги брани Елмас и соиграчите: Тие имаат и приватен живот!


Енрике лажеше? Шпанија го избра Мароко - 17 ден ↓↓↓



Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис реши да ги казни фудбалерите со вкупно 2,5 милиони евра, поради тоа што не ја послушаа неговата одлука и одбија да заминат во карантин.

Македонскиот репрезентативе Елиф Елмас и соиграчите одбија да заминат во седумдневен карантин, па Де Лаурентис удри по нивниот џеб, а најави и дека некои од фудбалерите ќе ги продаде.

ФИФПро реагираше веднаш по казната и според нив казната е неоснована.

„Фудбалерите имаат право на приватен живот. Тие не може да бидат жртва на ничија лична одлука во екипата. Ние ја поддржуваме одлуката на фудбалерите да останат заедно“, објави ФИФПро во соопштението.

Да потсетиме, Елмас беше казнет со 57.000 евра.