Фиго има свој фаворит за „Златната топка“: На дефанзивците им е многу потешко, но таа ја заслужува…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За разлика од многумина на кои само Лео Меси и Кристијано Роналдо им се во главата кога ќе се спомене оваа награда, Фиго смета дека истата би требало да ја освои Серхио Рамос.

Капитенот на Реал Мадрид,во последните пет години освои четири титули во Лигата на шампионите, но никогаш се најде ни во најтесниот избор кога е во прашање освојувањето на наградата за најдобар играч на светот.

Фиго смета дека тоа би требало да се промени.

„Јасно е дека Рамос ја заслужува Златната топка. Да се биде дефанзивец речиси е како да се биде голман. Многу е тешко да се освои оваа награда, но Канаваро успеа во тоа. Поради квалитетите кои ги поседува Рамос навистина ја заслужува Златната топка“, заклучи некогашната ѕвезда на Реал.

Исто така, тој откри што пред 19 години ја напушти Барселона и премина во Реал Мадрид.

„Одлуката за заминување во Реал дојде од неколку причини. Сакав трофеи, сакав да напредувам во сите сегменти. Потоа заминав во Интер бидејќи ја барав својата фудбалска среќа“,истакна Фиго.

Легендарниот Португалец во Реал остана пет години. Вкупно одигра 239 натпревари и постигна 57 погодоци за Кралевите.

Интересно е секако дека Барселона и Реал освоија по седум трофеи, но Реал дојде до трофејот кој сите го посакуваат, во Лигата на шампионите.

Во дресот на Барселона, Фиго одигра 249 натпревари и постигна 45 погодоци.