Филаделфија со 212 милиони долари го договори Пол Џорџ


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Филаделфија ќе ја нападне титулата во следната сезона, а тоа го покажа со ангажирањето на искусниот кошаркар Пол Џорџ.

Џорџ одби да го продолжи договорот со Лос Анџелес клиперс и замина кај Џоел Ембид и Тајрис Макси, откако потпиша соработка вредна 212 милиони долари.

Искусниот играч во изминатите пет сезони играше за Клиперс на 263 меча, а во просек постигнуваше по 23 поени, шест скокови и 4,5 асистенции.