Фиорентина се вклучи во борба за потписот на Нианголан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Не е никаква тајна дека до крајот на преодниот рок Нианголан и Икарди ќе ја напуштат екипата на Интер.

Челниците нд овој клуб донесоа одлука дека овие двајца играчи веќе не им требаат.

Сеуште се чека на нивни трансфер, а се чини дека после долги преговори, Нианголан ќе остане во Италија.

Иако имаше понуда од Кина, приоритет му е останување во Италија, а сево ова поради болната сопруга која тргна на лечење.

Откако ги одбие тие понуди, беше поврзан со преминување во Каљари, но сега уште еден клуб се вклучи во борба за неговиот потпис.

Се работи за Фиорентина, која под водство на новиот претседател, сака да го вклучи Нианголан во нов проект.

Тие веќе го доведоа Кевин Принц Боатенг и Лироули од Сасуоло за вкупно 13 милиони евра.

Наводно е спремна понуда за Нианголан и тоа наредната сезона да ја помине на позајмица со опција да го откупат неговиот договор до крајот на сезоната.