Фјури го нападна Џошуа: Ќе го нокаутирам во првите три рунди!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ентони Џошуа синоќа ја одбрани титулата во борбата против Кубрат Пулев, а даде интересна изјава по мечот, која го изнервира Тајсон Фјури.

Џошуа кажа дека не го интересира кој ќе му биде следен предизвикувач, но ако мора тоа да биде Фјури, тогаш ќе го чека подготвен.

Иако беше повикан да го гледа натпреварот меѓу Џошуа и Пулев, тој не се појави, туку ја следеше борбата од неговиот дом, по што му испрати порака на Џошуа.

„Џошуа избегна одговор на прашање дали сака борба со мене. Јас го сакам тој меч. Сакам да биде мој следен натпревар. Ќе го нокаутирам во првите три рунди. Тој е пропаднат борец и едвај чекам да го нокаутирам“, кажа Фјури.