Фјури и Вајлдер ќе влезат во ринг на 19 декември!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Третата борба меѓу Тајсон Фјури и Деонтај Вајлдер ќе се одржи на 19 декември. Организаторите бараат локација, која најверојатно наскоро ќе биде позната.

Извршниот директор на „Топ Ренк“, Бред Џејкобс кажа дека се фокусирани на 19 декември и се надеваат на стабилизирање на ситуацијата дотогаш.

„Ширум светот бараме нова локација. Важно е настанот да биде на најдобро можно место. Кога ќе ги истражиме сите можности, ќе го скратиме списокот на локации, тогаш ќе видиме каде ќе биде борбата. Во моментов имаме многу понуди и не отфрливме ниту една идеја, но не можам да кажам дека некоја локација има предност во однос на друга“, додаде тој.