Фјури и Вајлдер заработија вистинско богатство!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тајсон Фјури во Лас Вегас го победи Деонтај Вајлдер со технички нокаут во 11. рунда. Британецот ја одбрани титулата, но и двајцата боксери ќе заработат вистинско богатство.

Долго очекуваната борба ги возбуди љубителите на боксот, а за својата прва борба Вајлдер заработи четири милиони, додека Фјури еден милион помалку. Во втората броба двајцата заработија по 25 милиони, но сега сумата е уште поголема.

Според договорот, исплатата за борбата ќе биде поделена 60 наспроти 40 отсто за Фјури, па Британецот може да смета на 30 милиони долари плус 60 отсто од заработка од ТВ-правата. Вајлдер ќе добие 20 милиони долари плус 40 отсто од парите од ТВ.

Приходите од продажбата на емитување на борбата изнесуваат околу 100 милиони, па тоа значи дека 60 ќе добие Фјури, а 40 ќе му припаднат на Вајлдер.