Фјури ќе ја брани титулата против опасен германски боксер!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тајсон Фјури ќе го брани ВБЦ-појасот на 5 декември против германскиот боксер Агит Кабајел. Тој има неверојатен резултат од 20 победи и ниту еден пораз, па ќе добие шанса да се соочи со Фјури, кој претходниот период се подготвуваше за нов меч против Деонтај Вајлдер.

Меѓутоа, тимот на американскиот боксер не се договори со Фјури. Третиот дуел на овие боксери пропадна и Фјури побара други решенија, а на крајот го избра опасниот Германец.

Овој 28-годишен боксер имаше добри борби во текот на кариерата, а познат е и како човек кој ужива во луксузот. Сопственик е на голем број скапи автомобили, а сега ќе има шанса да добие рекорден хонорар.

Секако, ќе има шанса да го изненади и светот и да го освои ВБЦ-појасот, кој од февруари годинава му припаѓа на Фјури, откако го победи Вајлдер.