Фјури му се закани на менаџерот на Усик: Ќе ти ги скршам забите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британскиот боксер Тајсон Фјури не остана мирен по провокациите од менаџерот на Александар Усик, Егис Климас.

Климас ја навреди сопругата на Фјури, а тоа го налути британскиот боксер кој му посочи дека ќе му ги скрши забите.

„Егис, никогаш повеќе не ме нарекувај страшливец. Имав 35 професионални борби и 18 години од својот живот посветив на боксот. Ако повторно ја навредиш мојата сопруга, ќе ти ги скршам забите“, кажа Фјури.

Борбата требаше да се одржи на 17 февруари, но истата беше одложена поради повреда на Фјури, па нов датум за одржување на спектаклот е 18 мај.