Фјури не сакаше да го погледне Усик во очи пред спектаклот (Видео)

Тајсон Фјури ќе се соочи против Александер Усик во сабота во борбата за обединување на шампионските титули во бокс во тешка категорија.

Борбата ќе се одржи во Ријад, Саудиска Арабија, а Фјури е шампион според ВБЦ-верзијата додека Усик е првак според ВБА, ИБФ, ВБО и Ринг.

Пред мечот се одржа прес-конференција и соочување, но интересно е тоа што Фјури не сакаше да го погледне Усик во очи пред спектакуларната борба.

Фјури во кариерата оствари 34 победи, едно реми и ниту еден пораз и се надева дека ќе оствари уште еден триумф.