Фјури откри уште колку борби ќе има пред да се пензионира


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тајсон Фјури објави дека ќе замине во пензија, откако ќе ги заврши борбите против Деонтај Вајлдер и Ентони Џошуа.

Фјури неодамна во седмата рунда го нокаутираше Вајлдер во Лас Вегас и повторно се искачи на светскиот трон, каде што беше во 2015 година, кога го победи Владимир Кличко.

Следниот меч Фјури ќе го има на 18 јули повторно против Вајлдер, по што ќе се бори против Ентони Џошуа и ќе замине во пензија.

„Ќе ги имам уште тие две борби и тоа е тоа. Потоа ќе размислувам што да правам. Непоразен сум во 31 борба, а 12 години сум професионалец и веќе бев апсолутен шампион, откако го победив Кличко. Што се однесува до мене, Џошуа само ги чува моите појаси, зашто јас никогаш не ги загубив“, вели Фјури.