Фјури: Сакав да му честитам, но Вајлдер е голем идиот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британскиот боксер Тајсон Фјури вели дека имал тешка пресметка против Деонтај Вајлдер, но го разочарало однесувањето на Американецот по борбата.

Фјури ја одбрани титулата на светски шампион во тешка категорија, откако минатата ноќ го нокаутираше противникот во 11. рунда.

„Повторно докажав дека никогаш не треба да ме отпишете. Не беше тоа моја најдобра борба, но го извлеков максимумот“, вели Фјури.

Тоа беше трета борба меѓу двајцата боксери, по контроверзното реми во 2018 година и победата на Фјури пред 20 месеци.

„Му пријдов да му честитам, а тој не ми покажа никаква почит. Тоа ме изненади. Вајлдер е идиот. Се молам за него и благодарен сум што во еден дел одиме кај своите семејства“, вели британскиот борец.