Флик не сака повеќе да молчи, па јавно удри по Салихамиџиќ!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хасан Салихамиџиќ и Ханси Флик долго време водат војна во Баерн Минхен. Во претходните недели германските медиуми пишуваа за нивната караница, која трае со месеци.

Пред натпреварот против Унион Берлин, Флик јавно го „пецна“ Салихамиџиќ и на некој начин ја критикуваше неговата работа.

„Го тренирам тимот веќе година ипол. Минатата сезона квалитетот на екипата беше подобар од оваа. Тоа сите го знаат и се сложуваат со мене. Чувствувам дека екипата ми е лојална и тоа е важно. Се обидувам да го решам проблемот во интерес на клубот и немам што повеќе да коментирам“, вели Флик.

Флик се споменува како нов селектор и на Германија, но договорот со Баерн му трае до јуни 2023 година.