Флик сака изненадувачко засилување за Баерн, Салихамиџиќ не сака ниту да слушне за него


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Баерн Минхен, Ханс Флик побара од управата на Баерн изненадувачко засилување.

Желба на тренерот на актуелниот европски шампион е Марио Геце, тој сака да го види во својот тим оваа сезона, и ги замоли Хасан Салихамиџиќ и Карл-Хајнц Румениге да го донесат 28-годишниот офанзивен играч.

Флик веќе го контактирал Геце. Фудбалерот е подготвен да се врати во Минхен и да прифати многу пониска плата отколку што имаше претходните години.

Сепак, засега Салихамиџиќ и Румениге не се согласуваат со неговата желба и повеќе сакаат да им дадат шанса на играчите од младинскиот погон. Истото мислење го има и Оливер Кан, па затоа оваа желба тешко ќе ја исполни Флик.

Сепак, останатите се подготвени за докажување, па со очекуваниот десен бек, наскоро во Минхен најверојатно пристигнува уште еден играч за врска и крило.

Геце играше за Баерн од 2013 до 2016 година. Одигра 114 натпревари и постигна 36 голови.