Флојд Мејведер го воодушеви целиот свет со својот потег по смртта на Џорџ Флојд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во претходните денови имаше голем хаос во САД откако полицијата го уби Џорџ Флојд.

Американската полиција го уби Флојд иако тој им кажуваше дека не може да дише. Но, тие не го слушаа и брутално го претепаа, по што тој на крајот почина.

Ова многу ја потресе Америка затоа што започнаа големи протести и немири низ целата земја. Многу јавни личности зборуваа и се залагаа за убиениот Флојд и народот бараше правда за него.

Сепак, чекор понатаму отиде поранешниот американски боксер Флојд Мејведер кој стапи во контакт со семејството на убиениот човек. Тој дури и понуди да ги плати сите трошоци за погребот и да им помогне на членовите на ова семејство во иднина.

Ова го потврди и неговата компанија на Твитер.