Флоренци: Само еден играч на Рома не веруваше во чудо против Барселона


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сегашниот фудбалер на Валенсија, а поранешен на Рома, Алесандро Флоренци се сети на историската вечер и победата на римскиот клуб над Барселона во Лигата на шампионите.

Откако на првиот натпревар Рома загуби со 4:1 многумина во фудбалскиот свет го видоа каталонскиот клуб во следната фаза од натпреварувањето. Сепак, Флоренци кажа дека во Рома 24 од 25 играчи верувале за пласман во следната фаза и покрај огромната негатива, а само Костас Манолас не верувал во тоа.

Интересно е што Манолас беше играчот за одлука кој го постигна финалниот трет погодок во мрежата на Тер Штеген.

„По поразот од 4:1 во првиот натпревар не се чувствувавме победено. Нешто беше чудно. Во тимот бевме 25, а 24 веруваа дека и покрај тоа можеме да минеме во следната фаза. Единствен кој не веруваше беше Костас Манолас. Тој даде гол, единствениот кој не веруваше направи чудо“ –изјави Флоренци.