Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Милан го изненади Реал Мадрид во четвртото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), откако славеше со 3-1 на гостински терен.
Тренерот на „росонерите“, Пауло Фонсека по натпреварот даде интересна изјава поради која ќе се навредат голем број поддржувачи на шпанскиот гигант.
„Никој надвор од Италија не разбира колку е тешко да се игра против калчолигаш. Многу се потешки натпреварите во Италија. Дуели со Монца и Каљари се потешки отколку средба со Реал Мадрид“, кажа Фонсека.
Со оваа победа Милан се врати во игра за топ-24 на табелата, а со тоа и пласман во нокаут-фазата на ЛШ.