Форлан: Не разбирам зошто Гризман го бакна грбот на Барса, јас тоа никогаш не сум го направил во некој клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот уругвајски напаѓач Диего Форлан го криткуваше Антоан Гризман.

Гризман неодамна го напушти Атлетико Мадрид и одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на Барселона. Форлан некогаш доста успешно играше за Атлетико и порача дека разбира зошто навивачите му се лути на Гризман.

Форлан изјави дека Гризман станал она што е благодарејќи на клубот од Мадрид и дека никако не му е јасно зошто Гризман го бакна грбот на Барселона на претставувањето.

„Гризман стана она што е благодарејќи на Атлетико Мадрид. Не разбирам зошто го бакна грбот на клубот на Барселона на преставувањето. Јас тоа никогаш не го правев кога брев претставуван во клубовите во кои играв“, изјави Форлан.

Но, само неколку часа подоцна на социјалните мрежи се појави фотографија од Форлан од претставувањето во Пенарол во 2016. година каде што се гледа дека Уругваецот и баш не ја зборува вистината.