Формула 1 ќе ја гледаме до февруари следната година?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Формула 1 оваа сезона би можела да трае и до февруари 2020 година. серија трки беа одложени на самиот старт на 2020 поради Ковид-19.

Споменатиот вирус направи големи проблеми во спортот, а засега нема информација кога ќе продолжи сезоната во Формула 1.

Пред неколку дена се шпекулираше дека би можело да се вози и во јануари следната година, а сега се појави информација дека датумот ќе биде продолжен до февруари.

Тоа значи дека некои Ф1-викенди ќе ги гледаме само два дена, односно нема да има тренинзи, кои ќе се возат во петок. Освен тоа, возачите не би имале пауза меѓу трките.

Организзаторите на „најбрзиот циркус“ во светот работат на тоа да го вратат натпреварувањето на патеките и така да ја намалат огромната загуба.