Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристијано и Герет – како беше подоцна.
Со денови се најавуваше судирот на световите. Дуел помеѓу најскапите фудбалери во светот. А, на крајот изгледаше како дуел на пријатели.
Западните медиуми сакаат да ги претстават Кристијано Роналдо и Герет Бејл како опозити, посебно во соблекувалната на Реал броејќи колку пари заработуваат или вредат, очигледно е дека помеѓу најголемите фудбалери на мадридскиот клуб цвета пријателството.
Тоа најдобро можеше да се заклучи по завршувањето на полуфиналниот натпревар на ЕП во кој Португалија славеше против Велс со 2:0 и стигна на чекор од освојување на турнирот.
Кога натпреварот се заврши, Роналдо како вистински спортски човек отиде до Бејл и го утеши поради елиминацијата од ЕП. Траеше неколку секунди, доволно за да забележат ТВ камерите и фоторепортерите. Содржината на разговорот остана тајна.
Да потсетиме дека на ист начин Кристијано Роналдо го тешеше уште еден соиграч од Реал, Лука Модриќ после елиминацијата на Хрватска.
Секоја чест Роналдо!