Фотографии кои откриваат дека во Ливерпул биле подготвени за прослава на титулата…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул речиси 30 години не успеал да ја освои титулата во Англија иако оваа сезона беше поблиску од било кога.

„Црвените“ на крајот завршија на втората позиција со дури 97 бодови, но пред нив остана Манчестер Сити кој имаше еден бод повеќе и така успеа да ја одбрани титулата.

Навивачите на Ливерпул веќе долго чекаат на титулата во оваа земја, а оваа сезона беа сигурни дека таа конечно по 30 години повторно ќе дојде на „Енфилд“.

На „Енфилд“ беа подготвени за прославата на титулата бидејќи во тунелот беше и подиумот за шампионот, но тој за жал на навивачите не заврши на теренот.

Англиските медиуми успеаа да дојдат до фотографии од стадионот на Ливерпул на кој јасно се гледа дека „Црвените“ биле подготвени за прослава на титулата. Надежите траеа до последните минути, но шанса за жал ќе мораат да чекаат во следната сезона.