Фотографија како доказ за големиот трансфер: Навивачите на Интер веќе слават


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Се чини дека работата е веќе готова. Денеска стигнува на Џузепе Меаца.

Интер работи на трансферот на Кристијан Ериксен, а фотографијата која кружи на интернет е доказ дека трансферот е блиску до реализација. Имено, директорот на Интер Марота е забележан како излегува од еден ресторан заедно со агентот на Ериксен во Милано.

Договорени се личните услови помеѓу Ериксен и Интер. Играчот начелно добил договор до летото 2024. година во вредност од осум милиони евра по сезона со можни бонуси од два милиона евра.

Сега Интер треба само да ги заврши деталите со Тотенхем, а бараната цена останува 20 милиони евра.

Ериксен во јуни останува слободен агент, така да веќе се договорени личните услови, а Спарси ќе мораат да го продадат до крајот на месецот бидејќи на лето играчот има право да замине без оштета.

Скај Спорт јавува дека Интер од моментални 12 милиони евра, ќе ја подигне понудата на 18 милиони евра што ќе биде доволно да се договорат.

Се очекува Интер наскоро да ги заврши трансферите со Ешли Јанг од Манчетер Јунајтед и со напаѓачот на Челзи Оливие Жиру, додека Леонардо Спиназола ќе дојде на трампа од Рома. Во спротивен правец ќе замине Матео Политано