Фотографија за запомнување: Ова е фудбалот што го сакаме


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Болоња и Наполи одиграа нерешено вчера (1:1) во дуелот од 33-то коло на италијанската Серија А.

Сепак, фудбалерите на овој натпревар не беа во центарот на вниманието, затоа што тренерите Синиша Михајловиќ и Џенаро Гатузо беа главни.

Двете фудбалски легенди се сретнаа по долго време. Пред почетокот на натпреварот, Џенаро седна на клупата на Болоња веднаш до неговиот стар пријател Михајловиќ.

„Ова е вид на фудбал што го сакаме“, напишаа тие на официјалната веб-страница на Наполи.

Фотографите секако успеаја да го „фатат“ овој момент и сцената е многу впечатлива.