Фотографијата на Един Џеко која го остави светот во прашалници: Антонио Конте веќе е дел од штабот на Рома?! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Рома изминатиот викенд на домашен терен славеа против Удинезе со минимални 1:0.

Одлучувачкиот момент од мечот се случи кон средината на второто полувреме кога Рома успеа да поведе со 1:0. Асистенција запиша Ел Шарави, а погодокот на Олимпико по една година успеа да го постигне Един Џеко.

Џеко така му донесе триумф на својот тим и многу важни три бода во битката за место кое следната сезона води во Лигата на шампионите. Џеко со големо воодушевување го прослави овој погодок и сигурно и нему му падна камен од срце бидејќи го заврши голгетерскиот пост на Олимпико.

Една од фотографиите на која босанскиот напаѓач го прославува погодокот стана хит меѓу навивачите на Рома. Имено, во позадината на една слика се гледа член на стручниот штаб на римскиот клуб, а многумина прво помислија дека тоа е италијанскиот тренер Антонио Конте.

Конте веќе некое време се поврзува со Рома, а оваа слика навистина збуни многу навивачи од овој клуб. Сепак, на крајот порачаа дека се работи само за еден член на клубот кој навистина личи на Конте, барем на оваа фотографија тоа е така.