Француски гигант пред банкрот, постојат четири сценарија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бордо е на праг до пропаст, но уште постои можност да се спаси. Газдата на тимот повеќе не сака да помага, а долгот достигна 60 милиони евра, додека во следниот период се очекува да се зголеми до 80 милиони.

Во случај да не се појави нов спонзор, клубот на крајот на сезоната ќе биде исфрлен во понизок ранг. Во друго сценарио Бордо може да прогласи банкрот, а ако не најде купувач, тогаш мора да се пресели во втора лига.

Трето сценарио е Бордо да проглaси банкрот, купувачот да ги преземе долговите, а клубот ќе има -15 бодови.

Доколку клубот пронајде купувач во следните неколку недели, кој ќе го преземе долгот, Бордо ќе се спаси.