Француски тенисер се поздрави со ривалот, па му удри шлаканица (Видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Рафаел Ни Анкрах на јуниорскиот ИТФ турнир го победи Михаел Куаме со 6-2, 6-7 и 7-6, но противникот не знаеше да го прифати поразот.

Куаме се доближи до мрежата, каде што го чекаше својот ривал и тргна да му честита, по што му удри шлаканица.

Францускиот тенисер во моментов е на 589. место во светот, а по овој настан се случи хаос затоа што се вмешаа членовите на двете екипи, но и лица од трибините.

Анкрах, тинејџерот од Гана, во второто коло треба да игра против негов сонародник, а засега не е познато зошто доби шлаканица од Французиот во првото коло.