Франкфурт ја понижи Барселона на Чави сред Каталонија (Видео)

Барселона вечерва најмногу ги разочара своите навивачи бидејќи беше елиминирана од четвртфиналето на Лига Европа, откако Ајнтрахт Франкфурт славеше во реваншот со 3-2.

Костиќ во четвртата минута од пенал ја затресе мрежата на Барселона, по што Боре во 36. минута погоди за водство од 2-0 на гостинскиот тим.

Мизеријата на Барселона продолжи и по трите замени кои ги направи Чави бидејќи Костиќ со неговиот втор гол зголеми на 3-0, по што беше јасно дека каталонскиот гигант нема да се врати во мечот.

Бускетс погоди за надеж, но голот беше поништен поради офсајд, а нов погодок постигна истиот фудбалер дури во 91. минута од натпреварот. По што и Депај погоди од пенал, но само за 2-3.