Французинот тргна за Евертон, а заврши во Тотенхем!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе беше готово, го чекаа прегледите, но Муса Сисоко го промени правецот и отиде во друг авион. На крајот, кај Пеачите!

На крајот Њукасл го доби тоа што го сакаше, 35 милиони за францускиот репрезентативец.

Го сакаа Реал и Јувентус, првите немаа ниту место, поточно не ослободија место во средниот ред, вторите не сакаа толку да платат.

На крајот, останаа Тотенхем и Евертон, „Карамелите“ практично се завршија, веќе се појави вест дека е на прегледи, но тогаш Тотенхем ја израмни понудата на Куман.

Сисоко се предомисли, веројатно сака и да игра во ЛШ па го промени правецот и отиде во Лондон.

И официјално потпиша за Тотенхем.