Фудбал во Серија А ќе се игра, но само под еден услов!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради ширењето на коронавирусот во Италија, владата  дозволи да се игра фудбал во Серија А само зад затворени врати, односно без публика на трибините.

Четири меча во Серија А вчера беа одложени поради епидемијата на коронавирусот на северот во Италија, а болеста досега одзема шест човечки животи.

Претседателот на Серија А, Паоло Дал Пино испрати писмо до италијанската Влада во кое побара натпреварите следниот викенд да се играат без публика.

Владата го одобрила неговото барање, ако може да им веруваме на италијанските медиуми, па дербито меѓу Јувентус и Интер ќе се игра без публика, а исто така нема да има навивачи ниту на останатите дуели.