Фудбалер на Барселона не престана да се смее по отказот на Куман 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холанѓанецот Роналд Куман пред неколку дена доби отказ од клупата на Барселона, откако каталонскиот гигант беше изненаден од Рајо Валјекано (0-1).

Претседателот Жоан Лапорта немаше повеќе ниту трпение, ниту време за Куман, па реши да го отпушти тренерот, а тоа израдува голем дел од фудбалерите.

Заминувањето на Куман ги израдува фудбалерите, како и навивачите. А меѓу играчите најсреќен е Рики Пуиг, кој беше отпишан кај Холанѓанецот.

Пуиг одби да оди на позајмица, иако Куман сакаше да го испрати, затоа што смета дека може да игра за првиот тим на Барселона, а најверојатно наскоро ќе добие шанса.

По вчерашниот тренинг фудбалерот застана да подели автограми, па еден од навивачите го праша дали е среќен што Куман доби отказ, а на тоа играчот одговори со насмевка.