Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Десниот бек на Интер, Ашраф Хакими дозна дека бил позитивен на коронавирус. Екипата ја очекува првиот дуел од групната фаза во Лигата на шампиони со Борусија Менхенгладбах во среда од 21 часот.
Хакими веднаш беше испратен во изолација по позитивниот тест, а таму ќе остане најмалку 10 денови.
Засега нема информации дека мечот ќе биде осложен, а ако се земе како пример тоа што му се случи на Баерн Минхен, односно позитивниот тест на Серж Гнабри, тогаш одложување не би требало да има.
Да потсетиме, претходно позитивни на тестот беа Роберто Галјардини, Јонут Раду и Милан Шкрињар.