Фудбалер на Реал Мадрид на момент се збуни кога го заблежа Џерард 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Ренџерс пред неколку дена во пријателски меч го совладаа Реал Мадрид со 2-1.

„Кралевите“ одлично го отворија натпреварот со гол во осмата минута кога Родриго постигна гол, но во продолжение шпанскиот тим направи пресврт.

Стивен Џерард уште еднаш покажа дека одлично го предводи Ренџерс и успеа да го надмудри Карло Анчелоти, а тоа е голем успех.

По натпреварот во центар на внимание беше бразилскиот напаѓач Родриго поради интересна сцена на теренот.

Во текот на мечот Родриго беше покрај клупата на Ренџерс, каде што стоеше Џерард, па тој во прв момент се збуни, а потоа се поздрави со легендата на Ливерпул.