Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалерите на најдобрата репрезентација на Македонија донираа медицинска опрема за болниците во земјава кои активно се борат со коронавирусот.
Оваа информација на социјалните мрежи ја потврдија повеќето репрезентативци на нашата селекција. Тие напишаа дека е донирана различна опрема за која во медиумите се пишуваше дека недостига во болниците.
Болницата „8ми септември“ и Клиниката за Инфективни болести во Скопје од фудбалерите добија маски, скафандери, капи, средства за дезинфекција, заштитни визири и слична опрема.
– Ви благодариме што се грижите за нашите сограѓани, нештедејќи се себе во оваа заедничка битка. Воедно ги повикуваме сите кои се во состојба да донираат, да го направат тоа, сега кога е најпотребно. Длабока почит кон медицинските тимови и целиот помошен персонал, -се вели во дел од објавата на репрезентативците.