Фудбалерите на Милан во четврток се враќаат на тренинг


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Италија беше жариште на коронавирусот во Европа, но ситуацијата се смирува и владата ја прекина вонредната состојба и ги намали мерките за забрана.

Клубовите добија дозволи да тренираат во тренинг-центрите, но ќе мора да ги почитуваат правилата и мерките кои им се препорачани.

Фудбалерите на италијанските клубови едвај дочекаа повторно заедно да тренираат, а многумина веќе направија медицински прегледи. Исто така, ќе бидат тестирани на коронавирус и доколку нема проблеми, во следните денови ќе почнат со тренинг.

„Скај Спортс“ објави дека играчите на Милан имаат закажани медицински прегледи во тренинг-центарот, па тоа се одлични вести за сите навивачи.

Од екипата недостигаат само Златан Ибрахимовиќ и Франк Кеси, кои се надвор од државата, но се очекува наскоро да им се приклучат на останатите соиграчи.