Фудбалерки без милост се тепаа сред натпревар во БиХ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мечот меѓу Либеро Горажде и Сана 2014 заврши со триумф на гостите од 3-5, но на натпреварот се случи немил инцидент, односно се степаа фудбалерките на двата клуба.

Екипата од Горажде го опиша инцидентот преку социјалните мрежи.

„Натпреварот беше брутален, прво од фудбалерките на противникот, а потоа и тренерот. Во второто полувреме се случи масовна тепачка на теренот, а беа поделени 15 жолти и два црвени картони“, соопштија од босанскиот клуб.

Тимот од Горажде објави три спорни снимки од мечот, каде што се случиле неколку инциденти.