Фудбалерот кој се поврзува со трансфер во Тотенхем најави заминување од Саутемптон

Пјер Емил Хојберг најави дека сака да си замине од редовите на Саутемптон во овој преоден рок.

Фудбалерот од средниот ред се поврзува со трансфер во Тотенхем, и веројатно истиот ќе се случи затоа што Хојберг ќе притиска да си оди од „Сент Мери“:

„Знам што сакам, клубот го знае тоа исто така. Сакам да играм на повисоко ниво. Врската меѓу мене и Саутемптон е фантастична.

Клубот ми даде платформа да напредувам. Не им велам „догледање“ и сум фокусиран на мојот клуб, но мојата цел е многу јасна, сакам да ја освојам Премиер лигата и да играм во Лигата на шампионите.

Добив доста искуство во Баерн Минхен, па така можам да напредувам било каде. Сега сум гладен за да стигнам до тоа ниво“ –изјави Хојберг.