Фудбалерот на Ливерпул има четири пропуштени повици од еден човек по титулата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул синоќа веројатно ја прославуваа титулата англиски шампион до раните утрински часови.

Црвените ја освоија оваа титула за прв пат по 30 години, а потоа фудбалерите се огласија на Твитер.

Едно од најинтересните твитови го имаше левиот бек на овој тим Ендру Робертсон. На телефонот направил принтскрин од екранот, а од приложената форографија може да се види дека има четири пропуштени повици на неговиот соиграч Трент Александар-Арнолд.

„Се прашувам што сака. Ми се чини дека ќе мора да ја сменам позадината по телефон. Шампиони!“, nапиша Робертсон. Што се однесува до позадината, во моментов станува збор за фотографија од прославата на титулата европски шампион од минатата година. Лесно е да се заклучи која слика ќе се појави следна – онаа со трофејот во Премиер лигата.

Робертсон и Александар-Арнолд беа движечките сили на „црвените“ на бековските позиции и оваа сезона. Интересно е што и двајцата играа во сите натпреварувања на 42 натпревари. Робертсон постигна два гола и осум асистенции, а Александар-Арнолд постигна три гола и 14 асистенции.