Фудбалот е повеќе од игра: Сцената со Габигол и расплаканото момчето тоа го докажува (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот јужноамерикански шампион Фламенго успешно ја одбрани титулата.

Екипата од Рио де Женеиро го совлада колумбискиот Јуниор со 2:1 како гостин, а по мечот напаѓачот на бразилскиот великан Габриел Барбоса – Габигол се најде во центарот на вниманието.

На теренот, по последниот свиреж, се појави момче кое сака дрес на бразилската sвезда. Полицијата реагираше веднаш и се обиде да го сопре со намера да стигне до фудбалерот на Фламенго.

Тие не успеаја да го сторат тоа, а Габигол одлучи да го заштити момчето колку што е можно повеќе од обезбедувањето и не дозволи насилно да се отстрани од него. Потоа му подари дрес и влечки, а момчето плачеше од среќа откако го прими она што толку силно го посакуваше.

Потег вреден за сите пофалби.