Габигол се враќа на големата врата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Габриел Барбоса во летниот период во 2016. година стигна како големо засилување од Сантош во Интер.

Тогашниот 20-годишен напаѓач беше најавуван како нова голема звезда на бразилскиот фудбал, но во Италија не се снајде баш најдобро и започна со негово лутање.

Сепак, после позајмицата во Бенфика и Сантош, сега во Фламенго, коцките во кариерата на популарниот Габигола полека, полека се сложуваат, а веќе во јануари би можело да следува неговото големо враќање во Интер.

Габигол игра фантастично во Фламенго. Таквите игри му донесоа и повик од репрезентацијата на Бразил, а тренерот на Интер, Антонио Конте сериозно размислува да го врати на Меаца.

Конте во текот на летото сакаше да донесе двајца нови напаѓачи. Планот му беше доведување на Ромелу Лукаку и Един Џеко, но тој не успеа да го доведе Един Џеко.

На Интер им е потребен уште еден напаѓач. Италијанските медиуми тврдат дека сега Конте е сериозно заинтересиран да го врати Габигол и од јануари овој 23-годишен напаѓач можно е повторно да заигра за Неразурите.

Барбоса за Интер има одиграно 10 натпревари и има постигнато 1 погодок.