Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бастијан Швајнштајгер и Антонио Валенсија се желби на истанбулскиот гигант.
Катастрофалната сезона ги запали црвените светла во управата на Галатасарај.
После тоа што за еден бод им избега пласманот во европските натпреварувања, завршија на шестата позиција на турската Суперлига, жолто-црвените нишанат високо во желбата да се вратат таму каде што им е местото – на самиот врв на турскиот фудбал.
Во тоа може да им помогнат двајца фудбалери на Манчестер Јунајтед, барем ако се верува често на недоверливите медиуми од Босфорот.
Како што истакнува турскиот весник АМК, Галатасарај сака во своите редови да ги доведе Бастијан Швајнштајгер и Антонио Валенсија.
Германецот во претходната недела е префрлен во резервниот тим на Јунајтед и не е во плановите на Жозе Мурињоо, додека изгледа слична судбина го спрема и Еквадорецот.
Црвените ѓаволи доведоа голем број на офанзивни играчи и Валенсија очигледно нема да може да се избори за значајна улова во тимот, а тешко е да се очекува дека Мурињо ќе го користи како десен бек.
Тоа може да го искористат жолто-црвените од Истанбул и за вкупна сума од 5 милиони евра да обезбедат потпис на двајцата фудбалери.
Галатасарај наводно е спремен да понуди 3.5 милиони евра за 32-годишниот Швајнштајгер и 1.5 милиони за Валенсија за кој, како што тврдат Турците, ќе му биде понуден четири годишен договор.
За Галатасарај моментално настапува и Лукас Подолски, па се сомнева дека токму тој може да има и пресудна улога во убедувањето на сонародникот Швајнштајгер околу преминот на крајот на истотот од Европа.