Галијани на Ибица го договара првото сериозно засилување на Милан?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Директорот на Милан Адријано Галијани се чини дека го заврши првото засилување.

„Главниот и одговорен“ на Милан претстојуваше на Ибица, а друштго му правеше агентот на Милан Бадељ Дејан Јоксимовиќ.

Тие двајца зборуваа за Бадељ, па изгледа дека постигнаа договор.

Наводно Милан на Фиорентина ќе плати од 8 до 10 милиони евра на име обештетување, а условите кои Росонерите ќе ги понудат на играчот засега не се познати.

Фиорентина бараше повеќе од 10 милиони, но веројатно Галијани успеа да ги омекне челните луѓе на Виолетовите.

На Милан оди на рака фактот дека на Бадељ остануваат уште две години од договорот со Фиорентина и дека не сакаше продолжување на соработката.

Па така, судејќи според се, 27-годишниот ќе ги засили Росонерите и ќе биде, барем засега, најзвучно засилување во ова лето.