Галијани: За кого најмногу жалам? Поради Тевез, Ибрахимовиќ и Силва!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот генерален директор на Милан Адријано Галијани денес има слична позиција во новиот проект на Силвио Берлускони – во Монца.

Монца, која ја освои Серија Б, работи сериозно оваа лето на трансфер пазарот, но секако тоа е далеку од имињата и играчите со кои „работеше“ Галијани додека беше во Милано.

Галијани за Скај Спорт Италија зборуваше за трансфери и работата на трансфер пазарот за кои најмногу жали.

Тој ја посочи пропуштената можност Милан да го донесе Карлос Тевез и да ги продаде Златан Ибрахимовиќ и Тиаго Силва.

“Имам два моменти за кои длабоко жалам. Првиот е Тевез, дури се сеќавам на датумот кога се случи, тоа беше 12. јануари 2012. година”, рече Галијани и додаде:

“Втората е продажба на Ибрахимовиќ и Тијаго Силва. По осум години, едниот се врати во Милано, а другиот игра за Челзи. И тие беа меѓу најважните играчи за ПСЖ во текот на изминатите години.”

Ибрахимовиќ и Силва беа продадени „во пакет“ на ПСЖ во јули 2012. година за повеќе од 60 милиони евра, а многу фанови сметаат дека овој настан означи крај на ерата на успехот на Берлускони на кормилото на Милан.