Гасперини: Не постигнуваме многу голови за да ги понижиме противниците!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џан Пјеро Гасперини и неговата Аталанта вчера со убедливи 6-2 ја декласираа Бреша во 33. коло од италијанската Серија А и така го преземаа второто место во првенството.

Најдобар фудбалер беше Марио Пашалиќ, кој постигна хет-трик, а по еден гол уште постигнаа Мартен де Рон, Руслан Малиновскиј и Дуван Запата.

„Убаво, зарем не? Многу голови“, кажа Гасперини откако новинарот му кажа дека никој уште од 1958 година не постигнал 93 гола на 33 меча.

„Постигнувавме многу голови и минатата сезона, но оваа се надминавме. Тоа не го направивме за да го понижиме противникот, туку да вежбаме нови потези. Токму тоа ни носи голови“, вели Гасперини.