Гатузо добива последна шанса: Четири тренери чекаат пораз на Наполи!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо е пред отказ и има само последна шанса против Јувентус. Ако загуби од „Старата дама“, тогаш поранешниот фудбалер на Милан ќе си замине од кормилото на тимот од Неапол.

Газдата на тимот, Аурелио де Лаурентис му соопштил на Гатузо дека има два обиди да ја зачува работата, а првата ја прокоцка во Бергамо против Аталанта, додека втората ќе му биде против Јувентус.

Еден од кандидатите да го замени Гатузо е Рафаел Бенитез, кој претходно го предводеше тимот на Наполи, а беше уште и во Реал Мадрид, Њукасл и Далијан.

Наполи, освен Бенитез, разговара и со Иван Јуриќ, Роберто де Зерби и Винченцо Италијано, кои имаат договори со Верона, Сасуоло и Специја.