Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓
Како ново име за клупата на Лацио, во случај на заминување на тренерот Марко Барони, се споменува Генаро Гатузо, пишуваат италијанските медиуми специјализирани за настаните во Лацио. Гатузо, кој последен ангажман имаше во Хајдук од Сплит, овие денови треба да се сретне со Клаудио Лотито и спортскиот директор Анџело Фабиани.
Ако враќањето на Маурицио Сари не успее, Генаро Гатузо станува прв фаворит за преземање на клупата на Лацио. Така пишува денешното издание на Кориере дело Спорт, наведувајќи дека двете страни веќе воспоставиле контакт и договориле средба на која ќе учествува и спортскиот директор Фабиани.
Претседателот Лотито го сакал Гатузо уште во 2021 година, кога преговорите со Инзаги за продолжување на договорот застанале. Тогаш Симоне замина во Интер, а Гатузо ја презеде Фиорентина.
Четири години подоцна повторно се отвора простор за доаѓање на Гатузо на клупата на Лацио. Судбината му е, како што изгледа, повторно поврзана со Маурицио Сари: тогаш Сари дојде по откажувањето на Гатузо, а сега Гатузо би можел да дојде по можниот отказ од Сари.
Фото: Принтскрин