Гатузо го напушти Милан: „Ова не беше воопшто лесна одлука за мене“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Милан не успеаа да изборат пласман во ЛШ и наредната сезона ќе ги гледаме во Европа лигата.

Росонерите во последното коли имаа шанса да дојдат до место кое води во ЛШ. На гости го совладаа СПАЛ со 3-2, но во прилог не им одеа резултатите кои ги остварија Интер и Аталанта кои на крајот завршија на местата кои водат до ЛШ.

Главна цел пред почетокот на сезоната за Милан беше конечно да се вратат во Лигата на Шампионите, но тимот кој го предводеше Гатузо не успеа тоа да го оствари.

Тој оваа сезона беше под неверојатен притисок и очигледно е дека тоа повеќе не можеше да го трпи. Италијанскиот стручњак утрово изјави дека го напушта Милан и верува дека оваа одлука едноставно мораше да се донесе.

„Одлуката да ја напуштам клупата на Милан не беше лесна, но тоа е одлука која морав да ја донесам. Нема одреден момент поради кои се одлучив, но кога ќе ги сумирам овие 18 месеци тогаш време е нешто да се менува“, рече Гатузо.