Гатузо со писмо до Михајловиќ: Не бевме соиграчи, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите се збогуваат со легендарниот српски тренер и фудбалер Синиша Михајловиќ кој почина пред неколку денови.

Еден од тие кои му испратија порака е поранешниот фудбалер на Милан, Џенаро Гатузо кој во моментов ја тренира Валенсија.

„Со гордост можам да кажам дека бев пријател на Синиша. Меѓу нас постоеше почит и страст, иако не бевме соиграчи. Мора да покажеме почит која сите му ја должиме на тој човек. Тој беше човек кој ги сподели своите вредности и правеше тие околу него да ги применуваат“, вели Гатузо.