Газда на рудник во Африка сака да го купи Челси!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси е во процес на пронаоѓање нов газда по одлуката Велика Британија да го протера Роман Абрамович и да му го замрзне имотот.

Спас за лондонскиот клуб се споменува од повеќе локации, меѓу кои е Саудиска Арабија, но постои интерес и од Афрка.

Газда на рудник за злато од Гана, Бернард Антви Боасијако сака да го купи Челси и планира да плати три милијарди фунти.

„Челси има долго наследство во Африка поради легенда како Дидие Дрогба и Мајкл Есиен и поради тоа клубот има шанса дополнително да ја засили својата репутација во Африка“, соопшти милијардерот.

Бизнисменот има план да направи бесплатни влезници за деца до 10 години, како и други промоции.