Газдата на Милан сака да го донесе Ѓоковиќ на „Сан Сиро“

„Ла Република“ објави дека газдата на Милан, Гери Кардинале сака да го ангажира српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Тенисерот требало да има улога на тренер за ментално здравје и да држи мотивациони говори во соблекувалната на „росонерите“.

Ѓоковиќ се декларира како навивач на Милан и пријател со Златан Ибрахимовиќ, па не би изненадило доколку падне договор меѓу двете страни.